-->
-->
Месарош победник на третиот фјучрс во Скопје
-->

Хрватскиот тенисер Кристијан Месарош е победник на третиот фјучрс што се играше на терените на „Тенис парк“ во Скопје. Тој во финалето денеска го освои трофејот откако неговиот ривал Клаудио Фортуна од Италија го предаде мечот во третиот сет.
Првиот сет со 6:4 во гемови го освои Фортуна, а следниот со 6:3 му припадна Месарош. Во решавачкиот беше 3:0 за Месарош кога Фортуна предаде. Мечот беше прекинат по 2 часа и 34 минути.
Месарош за победата ќе освои 18 поени и има шанса пак да напредува на ранг листата. Ова беше негов најдобар резултат на турнирите во Скопје. На првиот беше елиминиран во 2.коло, а на вториот во полуфиналето од македонскиот тенисер Димитар Грабул.
„Тенис парк“ изминативе три недели беше успешен организатор на трите фјучрс турнири, кои по пауза од осум години повторно беа организирани во Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
