-->
-->
Меси во Барса до 2021 година, откупната клаузула неверојатни 700 милиони евра
-->

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси и официјално денеска ја продолжи својата соработка со екипата на Барселона.
Аргентинецот на радост на навивачите на Барселона, попиша нов договор со важност до 2021 година. Актуелниот договор на Меси со Барселона истекуваше на крајот од тековната сезона и постоеше опасност тој веќе во јануари да почне преговори со други клубови.
Неофицијално, платата на Меси ќе изнесува 30 милиони евра по сезона, со што значително ќе го мине Кристијано Роналдо со заработувачката во Реал Мадрид.
Воедно, каталонската екипа ја објави и сумата за откупна клаузула, па така доколку некој тим сака пред 2021година да го доведе Меси во своите редови,на Барселона ќе треба да и исплати неверојатни 700 милиони евра, или 450 милиони повеќе од клаузулата која до денеска беше актуелна.
30-годишниот Меси цели 17 години е дел од Барселона, за која досега одигра 602 натпревари и постигна 523 гола, а во својата кариера освои и 30 титули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
