Мицкоски и Филипче договорија заеднички работни групи

Договор за работни групи кои заеднички ќе ја туркаат реформската агенда падна на вчерашната прва средба меѓу лидерите на двете најголеми политички партии.
Мицкоски и Филипче по средбата која траеше нешто помалку од 2 часа излегоа со прилично оптимистички ставови.
Опозицискиот лидер веднаш по средбата рече дека имал конструктивен разговор со премиерот во кој се договориле да номинираат експерти кои ќе работат на решенија поврзани со законските измени кои се дел од реформската агенда.
Во соопштение по средбата, од Владата порачаа дека е неопходно да се мобилизираат сите напредни поединци и структури кои можат да дадат придонес на патот за развој на земјата. Оттаму додаваат дека македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање.
Мицкоски вчера доцна попладнето во телевизиско интервју рече дека е отворен за вакви средби со сите лидери на политичките партии кои тоа ќе го побараат од него.
Ново на Сител
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
-

Новиот Закон за Судски совет денеска пред пратениците
-

Левица со предлог Закон - Да нема отказ при бременост
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
