Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
Масовна излезност во недела, на последниот ден од кампањата, бараат и Мицкоски и Филипче за гласањето во вториот круг од градоначалничките избори. Сметаат на граѓанска поддршка за нивните кандидати.
Мицкоски вели соработката од владино ниво, останува како поддршка и во вториот круг за ЗНАМ и Вреди, и обратно од нив за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна Филипче, пак, вели нема формална поддршка и соработка со ниту едена друга партија или кандидат. Иако самиот ќе гласа во недела за градоначалник на Скопје, не открива дали поддршката ја дава на Мециновиќ од Левица или на Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потврдува дека формалната поддршка за Стевчо Јакимовски во Карпош ќе нема бидејќи е лице на црната листа на САД, но и дека фотографијата на неговата кандидатика Мојсовска Миовска со Сотир Лукровски не е поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, Филипче обвинува за притосок од власта.
Неофицијално од СДСМ сепак, очекуваат социјалдемократски гласови за Јакимовски, но и тивка соработка со Левица на Апасиев.
Мицкоски пак, демантира дека имало притисоци. За Карпош вели дека секој треба да се огради од лице кое првостепено осудено и е на црна листа, и дека Мојсовска Миовска тоа го препознала и затоа се фотографирала со Лукровски.
Во недела ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за градоначланик во 25 општини плус градот Скопје. СДСМ пак, е во трка со 17 кандидати.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
