Македонија
24. January 2025 - 8:09

Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово – Градманци во Општина Петровец

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец.

Овој проект е во должина од 2.400 метри, средства за изградба на овој пат се обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит во висина од 12.200.000 денари.

- Исто така започната е и доизградбата на детската градинка втора и завршна фаза со капацитет за згрижување на 70 дечиња. Средствата за овој проект се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија од унгарскиот кредит во вредност од 9.470.000 денари, соопштија од владината прес-служба.