Мицкоски на средба со Перински и Димитриеска Кочоска: Со ребаланс на буџетот ќе обезбедиме 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините
Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави нова иницијатива за развој на општините во земјата преку обезбедување на 250 милиони евра од Буџетот за развој и капитални проекти. Како што соопштија од Владата, овој план е дел од напорите за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните.
На работниот состанок со министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска и министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беше утврден начинот на кој ќе се распределат средствата за општините. Според најавите, по ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, Министерството за локална самоуправа ќе објави повик до сите општини да аплицираат за овие средства.
Мицкоски напомена дека средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура.
-Ветивме развој на општините и сега го остваруваме тоа преку обезбедување на 250 милиони евра за инфраструктурен развој. На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби. Време е државата да направи повеќе за секој еден граѓанин. Со целата енергија работиме на реализација на ветеното, напиша Мицкоски на својот официјален Фејсбук профил.
Ново на Сител
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?
-
Србија е единствениот кандидат за ЕУ што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја
-
ВМРО-ДПМНЕ: Не се заборава штетата што ја нанесе СДСМ
-
Муцунски – Јовановиќ: Двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија