Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа

Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа, работи за сите и дели проекти за Штип, Кочани Велес, дели проекти и за Тетово, Гостивар, Арачиново, Липково, Желино, Врапчиште, Боговиње кои ги решаваат реалните потреби на граѓаните, водоводи, патишта, канализации, училишта, истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
Порача дека треба да се свртиме на реалните проблеми, како да направиме економска реформа на Тетово, Струмица, Штип, Битола, Прилеп, да го зајакнеме капацитетот на Тетовскиот Универзитет, на Мајка Тереза, да ги изградиме Финки, Факултетот за физика култура, а и покрај Коридор 8 да го направиме и Коридор 10.
-Треба да живееме со реалните проблеми, како дома да се однесе леб, како да се постави трпеза, доаѓаат празници кога сите треба да сме сплотени и обединети. Распределивме во сите општини и не мериме со кантар колку Македонци или Албанци ќе ја газат, ќе ја газат сите, ќе имаат улица, а до вчера имале кал. Вода немале во 21 век, сега ќе имаат вода. Тоа е суштината на функционирање на оваа Влада, можеме да бараме точки кои не раздвојуваат, но суштината е да најдеме што не сплотува да работиме за граѓаните без разлика на нивна етничка, верска или политичка припадност, рече Мицкоски.
За обвинувањето дека Владата нема легитимитет и дека со тоа ги влошува меѓуетничките тензии, рече дека има легитимитет и тоа од скоро две третини.
-Демократијата познава мнозинство во Парламентот, ова мнозинство има речиси две третини, а за да се избере влада потребно е 61 пратеник. Дури и во извештајот на ЕК се констатира напредок во меѓуетничките односи, дајте да зборуваме конструктивно граѓаните да се вратат назад, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
