Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи

Најновите податоци за индустриското производство во декември се потврда дека резултатите од напорната работа доаѓаат до израз, смета премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Тетово, премиерот рече дека очекува уште подобри резултати во периодот што следи.
- Државниот завод за статистика вчера ги објави податоците за индустриското производство за декември. Повторно имаме раст на индустриското прозводство, мислам за 2,3 проценти, но она што е поважно е дека цела 2025 година, после многу долго време индустриското производство расте, а истото важи и за преработувачката индустрија, изјави Мицкоски.
Вчера, Државниот завод за статистика излезе со информација дека индустриското производство во декември е зголемено за 2,3 процента во однос на декември 2024 година.
МИА
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
