Мицкоски: Секој глас за помалите партии е глас за Заев, така се расцепкува опозицијата
Глас за помалите партии е глас за Зоран Заев, бидејќи така се ситни опозицијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Свети Николе, упатувајќи порака до граѓаните дека Заев може да падне само ако гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, и да не веруваат на ад хок политичарите кои екскурзијанти во политиката.
Мицкоски потенцираше дека тие помали партии се проект на Зоран Заев за да ја расцепка опозицијата и да остане на власт што е можно повеќе.
- Немам дилема дека тоа е повторно проект на Зоран Заев да направи делење на опозицијата со една цел, да остане уште некој месец повеќе за да може да крадат пусти пари и да останат на власт, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека со глас за помалите партии како експеримент на Заев, и дека секој глас за нив е глас за Заев, бидејќи така се расцепкува опозицијата и се ситни отпорот против криминалците во власта.
- Затоа размислете пред да го дадете својот глас за условно помалите партии. Да не дозволиме да останат овие политички измамници и криминалци, ниту ден повеќе на власт Поддржете не, излезете на 17 октомври во недела и заокружете го бројот 7, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека само со глас за ВМРО-ДПМНЕ ќе има најголема гласност и така ќе се случат промените во Македонија за делегитимирање на власта на Заев и СДСМ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот