Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

Како политичка партија го ставаме државиот интерес пред партиските емоции, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање од што ќе зависи дали по локалните избори ќе се одржат и предвремени парламентарни на што повикаа опозициските партии.
Според Мицкоски, жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори. Премеирот, по средбата со претставници на Стопанска комора на северо-западна Македонија, во рамки на изборната кампања, истакна дека Владата има полн легитимитет, а дека политички партии што повикуваат на предвремени избори немаат програма за мобилизирање на своите гласачи освен поделби и националистички испади.
- Повеќе од 600 илјади граѓани на изборите минатата година гласаа за оваа Влада. Јас разбирам дека има политички партии кои освен поделби, и би рекол националистичи испади немаат друга програма за да ги мобилизраат своите структури и гласачи. Единствената работа што можат да ја направат е да повторуваат предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ убедливо ги победи во 2021 година со историски резултат на локалните избори, па беше во опозиција три години, па дојдоа парламентарни избори, убедливо ги победи со историски резултат. Денеска сме Влада. Еве денеска излегува ревидиран БДП за 2024 година од три проценти, еден од најголемите во Европа... Одиме и над тоа. Тоа е над сите очекувања на Меѓународниот моментарен фонд и Светска банка. Би било навистина жално ако сите овие позитивни индикатори ги прекинеме со предвремени парламетарни избори. Ние како политичка партија го ставаме државниот интерес пред партиските емоции, рече Мицкоски.
Државниот завод за статистика денеска објави претходни податоци за БДП за 2024 година, според кои реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2024 година, во однос на 2023 година, e 3 проценти, а номиналната 6.8 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Екс директорите на ДЗС негираат одговорност за трагедијата во „Пулс“
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
-

Владата не го поддржува протестот за ОВК, но ќе ги превземе сите безбедносни мерки
-

Вработените во судската служба ќе штрајкуваат ако не ги добијат додатоците на плата кои им доцнат од март
-

Поднесувањето тужби до Управниот суд само по електронски пат
