Мицотакис бара пакет решение за името

Пакет решение за сите прашања, бара лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Мицотакис, во интервју за „Политико.еу“, вели дека Грција треба да прифати договор само ако Скопје го промени Уставот и ги отфрли иредентистичките тврдења.
- Потребно е да биде пакет договор. Сите прашања треба да се решат истовремено. Не е само името, туку и иредентизмот, промената на учебниците... и на крајот и промена на нивниот Устав за да биде сигурно дека она што е договорено ќе се рефлектира во уставна промена, вели Мицотакис во интервјуто за „Политико.еу“, направено во Минхен каде што учествуваше на Конференцијата за безбедност.
Порталот потсетува дека малиот коалиционен партнер во грчката влада, Независни Грци, нема да поддржи никакво решение што го вклучува терминот „Македонија“, па така Ципрас, без согласност од Нова демократија, може да ја нема потребната поддршка во парламентот. Мицотакис, вели дека такви разговори можат да започнат кога Скопје ќе се согласи со условите на Нова демократија.
- Ако не сакаат сега да го сменат нивниот Устав, ние како партија, нема да започнеме дискусија, вели Мицотакис.
Како што вчера објави МИА, за пакет решение говореше и поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, а сега пратеник од Нова демократија.
Ново на Сител
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
-

Сиљановска-Давкова: Струга е град пример за почитување на различностите
-

Еден месец не работи ПЕТ скенерот неопходен за следење на болните од рак – Не се знае кога ќе почнат снимањата
-

Зголемување на старосната граница за пензионирање е предлогот на ММФ за одржлив систем
