Мицотакис: Грција нема да се затвори ова лето

Грција повторно нема да преземе мерки за затворање затоа што повеќето граѓани ќе бидат вакцинирани, рече премиерот Киријос Мицотакис, во интервју за грчкото радио К.
Неподготвеноста на населението да се вакцинира не е проблем само на Грција, туку и на глобално ниво. Не можеме да ја направиме вакцинацијата задолжителна, но земјата нема повторно да се затвори за да заштити неколку невакцинирани лица, за да страда огромното мнозинство од грчкото население кое е вакцинирано, рече тој.
Според грчките медиуми, само на една забава во познатиот бар на плажа во Атина биле заразени околу стотина млади луѓе и поради тоа беа најавени нови ограничувања.
Од денес, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само доколку имаат места за седење.
Сепак, премиерот во интервјуто потенцираше дека границите повторно нема да бидат затворени.
Ново на Сител
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
