Милановиќ: Србија од изутрината не е држава

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска повторно поради бегалската криза ја обвини Србија дека не прави „апсолутно ништо“ и дека „не функционира како држава“, додавајќи дека за него единствена важна адреса е Западот.
- Би сакал нашите источни соседи да функционираат како држава и тие тоа го можат, но не сакаат. Србија од изутрината не е држава, можеби имаат помали ресурси и во некои области послабо функционираат од Хрватска, но Србија не е од третиот свет и не прави апсолутно ништо, реле Милановиќ, пишува „Вечерњи лист“.
Тој на собирот на активистите и симпатизери на СДП во Сисак додаде дека границата со Србија засега останува отворена.
Милановиќ изјави дека „ситните лобија и различните интереси на некои комори и партиски врски на тие комори“ нема да го спречат да донесе одлука, која е во интерес на Хрватска и нејзините граѓани.
- Тоа е број еден, луѓето денеска да можат да одат во црква, а ако не одат во црква да можат да одат на кафе или безбедно да се чувствуваат дома, рече тој.
- Се друго е споредно, дали некој камион со играчки или чоколади во Србија ќе пристигне денеска или следниот месец тоа не е приоритет. Важно е и тоа, но не е приоритет. А оние кои се однесуваат како Будимпешта и Белград слободно нека продолжат со тоа, рече Милановиќ.
Тој истакна дека е во постојан контакт со австрискиот канцелар, кој е на чело на државата која е на удар, додека Хрватска е само транзитна држава.
- Разменуваме информации и за мене е важна адресата, тоа е Западот, додаде хрватскиот премиер.
Ново на Сител
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
