-->
-->
Миле Јанакиевски пренесен на преглед во приватна клиника во Скопје
-->
Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, вчера повторно е префрлен во една скопските приватни клиники поради преглед за итна здравствена интервенција, потврди за „А1 он“, неговиот адвокат, Александар Новаковски.
Тој вели дека во четвртокот при прегледот на Јанакиески му биле констатирани два здравствени проблеми, од кои едниот можел да се третира како итна интервенција.
„По одобрение на судот и затворската управа е пренесен на преглед во приватна клиника“, рече Новаковски за „А1 он“.
Претходно, поранешниот министер ги извести судот и затворската управа дека го прекинува штрајкот со глад поради советите од лекарите за неговото здравје. Тој веќе еднаш беше примен на преглед откако се пожалил на болки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците