Loading Video...
Кошарка
20. December 2019 - 16:26

Милвоки го доби дербито против ЛА Лејкерси

Дерби дуелот на двата најдобри тима во досегашниот дел од сезоната во НЈБА лигата го добија кошаркарите на Милвоки кои пред својата публика го совладаа тимот на ЛА Лејкерси. 
 
Предводени од својата прва ѕвезда Гркот, Антетокумпо кој оствари дабл-даб со 34 поени и 10 скока Милвоки славеше победа со 111-104. 
 
Ниту 36-та поени и 10 скокови на  Ентони Дејвис и трип-дабл учинокот на Леброн Џејмс со 21 поен 12 скокови и 11 асистенции, не им помогнаа на Лејкерси да го избегнат вториот пораз во низа, а вкупно пети сезонава, па сега „Бакси“ се единствени со скор од 25 победи и 4 порази. 
 
Второто дерби на вечерта се одигра во Лос Анџелес каде Клиперси загубија од Хјустон со 122-117, меч во кој Расел Вестбрук и Џемјс Харден остварија дабл-дабл. Вестбрук на 40 поени додаде 10 скока, а Харден покрај 28 поени имаше и 10 асистенции. 
 
На останатите два одиграни натпревар натпревари Сан Антониот Спарс со убедливи 118-105 го победи Бруклин. А Јута славеше на гости кај Атланта со 111-106.