-->
-->
Министерствата за внатрешни работи на Северна Македонија и Словенија со одлична соработка
-->
Високо ниво на билатералните односи меѓу министерствата за внатрешни работи на Северна Македонија и Словенија, но генерално и меѓу двете држави беше констатирано денеска на средбата во Скопје ма министрите за внатрешни работи на двете земји, Оливер Спасовски и Боштјан Поклукар.
Министерот Спасовски изрази благодарност кон Република Словенија и кон словенечкото министерство за внатрешни работи за несебичната поддршка и помош за нашата полиција во справувањето со мигрантската криза.
-Тоа беше еден од најголемите предизвици за Република Северна Македонија, со кој можевме да се справиме само преку соработка меѓу државите од регионот, поткрепена со силната поддршка на пријателските држави, потенцира министерот Спасовски.
Работната средба се одржа во пресрет на отпочнувањето на дводневнатата Министерска конференција од „Брдо процесот“, односно Третиот состанок на Управниот одбор на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ), што ќе се одржи утре и задутре во Скопје, а чиј домаќин е МВР.
Главна тема на конференцијата ќе биде токму евалуацијата на досегашното спроведување на Иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ), како и новите проектни задачи на ИИСГ, особено во делот на функционирањето на Групата за поддршка на ИИСГ, односно вклучувањето на преставници од Западен Балкан во работата на оваа група.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива