Министерство за транспорт: За изградба на Дата центар потребно е да се исполнуваат сите технички услови кои се строго пропишани во законите

Денес СДСМ со уште една срамна прес-конференција се обидува да го попречи развојот на државата. Имено на денешната прес-конференција на СДСМ во која опозициската партија се противи на потенцијалната изградба на дата центри слушнавме само небулози и обид за манипулација на граѓаните, се вели во реакцијата од Министерството за транспорт на прес-конференцијата на Кристијан Дојчиновски од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.
За изградба на Дата центар потребно е да се исполнуваат сите технички услови кои се строго пропишани во законите, да се направат сите видови студии и да се обезбеди квалитетна работа.
Инвестициите во Дата центри изнесуваат милијарди евра во сите развиени држави низ Европа и Америка, развојот на технологијата и вештачката интелигенција е еден од главните двигатели на модерните држави.
Во изградба на еден Дата центар во просек се ангажираат барем 300 работници, додека за оперативно работење на дата центар се вработуваат околу 100 високо квалификувани инжинери.
Дата центрите се предводници во искористување на зелената енергија и ја зајакнуваат транзицијата кон зелена енергија.
Со самиот развој на вештачката интелигенција Дата центрите се неопходни и од тие причини државата треба да води паметна политика која во чекор ги следи новите треднови во технологијата.
За разлика од СДСМ, оваа Влада е посветена на нови инвестиции од стотици милиони евра. СДСМ сакаат државата да не напредува, да не се модернизира и да нема големи проекти. Во време на СДСМ главни проекти беа криминалните проекти како што беа модуларната болница во Тетово, очајниот обид за криминал преку набавка на вакцини од компанијатa Стабри , бизнисите со марихуана, тендерите за пријатели на Венко Филипче во здравството. Да ја потсетиме јавноста и на една легендарна изјава дека Фејсбук и Гугл чекаа на граница да инвестираат во Македонија.
Штом СДСМ е против изградба на дата центри значи дека сме на прав пат и дека одлуката е добра!
Државата избира напредок и нови технологии, времето на криминал и корупција е одамна завршено.
МИА
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
