Министерството за култура очекува осуда од Канцеларијата на ЕУ за сквернавењето споменици
Осуда за насилството врз спомениците на културата и културното наследство македонското Министерство за култура очекува да изрази Делегацијата на ЕУ во Македонија.
- Министерството за култура на Република Македонија очекува, Канцеларијата на Европската Унија во Република Македонија, сосема објективно да го осуди насилието врз спомениците на културата и културното наследство во Република Македонија и да опстои на своите принципи кои ги промовираат мирот, демократијата, правото на самоидентификација и човековото достоинство, се наведува во соопштението од прес-службата на Министерството за култура.
Министерството за култура, претходно, денеска, преку соопштение најостро го осудува синоќешниот, како што оценуваат, вандалски чин со кој за време на протестите организирани од Граѓанското здружение „Протестирам“ е оштетена фасадата на зградата на ресорното Министерство, објект кој е изграден во 1927 година и претставува културно наследство заштитено со Закон. Воедно, побарано е од Министерството за внатрешни работи да ги спроведе сите потребни мерки за пронаоѓање на виновниците на, таквиот, посочуваат, нецивилизиран чин..
Ново на Сител
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми Септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот