Министерството за транспорт и врски реагира на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Министерството за транспорт и врски реагира на денешната прес-конференција на претставник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Во недостиг на конкретни идеи, а со цел да заработат ситни политички поени, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја манипулира македонската јавност.
Министерството за транспорт и врски уште еднаш потенцира дека ќе продолжи со финансиска поддршка на авиокомпании кои ќе понудат нови поволни и евтини летови до дестинации атрактивни за граѓаните.
Предлог текст за нова Уредба е веќе во Владина процедура и веднаш штом ќе биде усвоен од Владата, Министерството за транспорт и врски ќе распише нов Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски авиопревозници.
Со Јавниот повик кој ќе биде објавен во најбрз можен рок, имаме за цел да го продолжиме континуитетот на евтини летови, да воведеме нови атрактивни дестинации и да го стимулираме развојот на авиосообраќајот во земјата.
Целта на оваа Влада е да создаде подобри услови за патување на македонските граѓани и уверуваме дека младите ќе имаат можност да летаат до атрактивни и посакувани дестинации, по поволни цени на авио билетите.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата