Минусни температури утрово, на Попова Шапка измерени -7 степени
Минусни температури утрово се измерени на Попова Шапка -7 степени Целзиусови, -5 во Маврови Анови, -4 во Крушево и -1 во Крива Паланка и Берово.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека нула степени се регистрирани во Прилеп, Дебар, Виница, Тетово и Куманово, 1 во Битола, Штип и Охрид, 2 во Претор, Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец, 3 во Струмица, Дојран и Демир Капија и 5 степени во Гевгелија.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 7 сантиметри, 4 сантиметри во Маврови Анови и 2 сантиметри во Пожаране и Крушево.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места од слаб снег, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО