Мисајловски за 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак: Нивната верба во татковината е наша водилка да продолжиме да ги чуваме националните интереси

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска одавајќи им почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината кај месноста „Карпалак“ нагласи дека нивната верба во татковината е наша водилка, одлучно да продолжиме да ги чуваме националните интереси.
Денеска се навршуваат 25 години од трагичниот настан кај месноста “Карпалак”, каде што десет македонски херои, припадници на резервниот состав на македонската Армија: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, извршувајќи ја својата света должност, ги положија своите животи во одбрана на Македонија - објави Мисајловски на Фејсбук.
На овој тажен ден, додаде министерот, со длабока почит се поклонуваме на сите бранители кои се одзваа на повикот, кои покажаа како се сака сопствената држава.
Нивното дело, храброст и жртва, нема никогаш да ги заборавиме. Нивната верба во татковината е наша водилка, одлучно да продолжиме да ги чуваме националните интереси. Нека им е вечна слава - нагласи Мисајловски.
МИА
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
