МНР: Нема нов договор, анекс или било каков дополнителен текст со Бугарија
МНР се огласи со соопштение во кое тврди дека нема никаков нов договор или некаков анекс со Бугарија, освен оној Договор за пријателство и добрососетство потпишан во 2017-та година.
-Би сакале да ги демантираме појавените информации за нов договор, анекс, или било каков дополнителен текст на веќе постоечкиот Договор за пријателство со Република Бугарија. Министерството за надворешни работи ги отфрла ваквите шпекулации како неточни и контрапродуктивни на напорите на двете земји за надминување на меѓусебните разлики.
Односите меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија продолжуваат да се развиваат согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Во тие рамки, се преземаат сите потребни активности и ангажмани кои се во согласност со овој Договор, а кои пред сѐ имаат за цел продлабочување и интензивирање на билатералната соработка.
Во тој контекст, е и најновата иницијатива за организирање на претстојна средба на ниво на шефови на Влада, како прв чекор за унапредување на соработката меѓу двете нови влади, внесување на нова динамика во проектите и активностите, а што е од интерес како за двете држави така и за перспективата и безбедноста на Регионот и на Европа.
Министерството за надворешни работи цени дека пред објавувањето на вакви чувствителни информации, нивна првична проверка со Министерството ќе придонесе за поквалитетно информирање на граѓаните, но ќе значи и придонес во насока на поддршка на обидите за надминување на отворените прашања со нашиот сосед Бугарија, велат од МНР.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
