МНР со вербална нота реагира на изјавата на Костадин Костадинов од „Преродба“
– Министерството за надворешни работи, преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до бугарското Министерство за надворешни работи, по повод изјавите на пратеникот и лидер на политичката партија „Преродба“ Костадин Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Бугарија. Во нотата, како што наведуваат од МНР, се изразува крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно се изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија.
– Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави го почитуваа и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка. Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи, се вели во соопштението од македонското МНР.
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
