-->
-->
Могерини и Хан го поздравија изборот на новата македонска Влада
-->

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, утирнава во заедничко соопштение го поздравија изборот на новата македонска Влада, јави дописникот на МИА од Брисел.
Во исто време, Могерини и Хан порачаа дека очекуваат Владата на премиерот Зоран Заев и опозицијата, да изготват заедничка програма за реформска агенда која ќе биде од корист за Република Македонија.
- Ние го поздравуваме гласањето за новата влада предводена од премиерот Зоран Заев. Европската унија е подготвена да ја поддржи работата што новата влада, како и опозицијата, ќе ја прават за конструктивно да се имплементираат сите делови од договорот Пржино и Итните реформски приоритети. Очекуваме сите парламентарни партии да ги остават нивните поделби настрана во моментов и од почеток да работат заеднички на доставување на заедничка реформска агенда која ќе биде од корист на земјата во целост. Ова е, исто така, од суштинско значење за да се врати земјата на својот пат кон европската интеграција, процес кој граѓаните јасно го сакаат и го заслужуваат - се вели во соопштението на високата европска двојка.
Со оглед на тоа што минатата недела веќе беше примен во Брисел од Федерика Могерини, на заедничка неформална вечера со останати пет премиери на балканските држави, претседателот на макеоднската Влада, Зоран Заев, наскоро се очекува да биде поканет во придружба на новиот министер за надворешни работи Никола Димитров повторно да ја посети европската престолнина овојпат за средба со еврокомесарот Јоханес Хан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати
-

Системот ЕЕС прави метеж и доцнења на летовите: Аеродромите принудени повремено да ги исклучуваат контролите
-

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје - подната фонтана повторно ќе блесне
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
