Могерини со критика кон политиките што ја изолираат Куба
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини упати критика кон политиките кои ја изолираат Куба.
- Има луѓе кои се обидуваат да ја изолираат Куба. Ние Европејците, напротив, сакаме да покажеме дека сме поблиски до вас од кога и да било, изјави Могерини на една академска конференција во Хавана.
Според кубанските аналитичари, ваквата изјава на Могерини се однесувала на американскиот претседател Доналд Трамп.
- Соочувајќи се со оние што градат ѕидови и затвораат врати, ние Европејците сакаме да градиме мостови и да ги отвориме вратите преку соработка и дијалог, додаде таа.
Ова е прва посета на Могерини на Куба, откако во ноември влезе во сила договорот за политички дијалог и соработка меѓу ЕУ и Куба. Тоа ќе биде нова правна рамка за билатералните односи, вклучително и политичкиот дијалог, соработката и заеднички акции во меѓународните форуми.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација