-->
-->
Моќниот тајфун по Филипините го опустоши и Хонг Конг: 111 лица во болница, високатницата се нишала два часа
-->

Пред доаѓањето на тајфунот, кинеските власти спроведоа евакуација на десетици илјади лица од седум градови од региони, откажани се голем број летови, а редуциран е и јавниот транспорт. Поради Мангхут затворени се и казината во Макао.
Кинеските медиуми јавија дека нивото на морето во погодените подрачја пораснало дури до 3,5 метри, а големите бранови ги поплавиле крајбрежните реони и исфрлиле големо количество риба на брегот.
Полавни се и неколку станбени реони и еден трговски центар во источниот дел на Хонг Конг, каде најмалку 111 лица побарале медицинска помош поради полесни повреди.
Во време на пристигнувањето на кинеското крајбрежје, ветерот во жариштето на Мунгхут дувал со брзина од 200 километри на час.
Жителка на Хонг Конг изјави дека под притисок на силниот ветер, висококатницата во која живее „се нишала многу долго, речиси два часа“. - Поради тоа ми се вртеше во главата, нагласи таа.
Нејзин сограѓанин, пак изјави дека овој тајфун е „нешто најлошо што видел досега“. - Никогаш не сум видел вака поплавени улици и толку тресење на прозорците, додаде тој.
Метеоролозите предвидуваат дека Мангхут ќе продолжи да се движи кон запад и ќе ја погоди јужната кинеска покраина Гвангдонг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа