Монографија за 65 години постоење на Турски театар-Скопје

Турскиот театар-Скопје денеска ќе ја промовира монографијата „Со сигурни чекори до целта“, во рамки на одбележувањето 65 години од основањето.
Турскиот театар е формиран на 9 јули 1950 и прва премиера му била „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Абдуш Хусеин.
Својата годишнина театарот ја одбележува од јануари, кога премиерно ја изведе „Сон на летната ноќ“. Во текот на годинава ги имаше и премиерите „Прометеј“ и „Слуга на двајца господари“ (на „Охридско лето“), а најновата премиера на ансамблот е „Генерална проба за самоубиство“ од Душан Ковачевиќ во режија на Билге Емин.
Театарот ќе добие нов објект кој се гради во близина на Железничката станица, на површина од 2.600 метри квадратни.
До неодамна сцената ја делеше со Албанскиот театар-Скопје во заедничка зграда, која по темелна реконструкција ќе биде објект на Албанскиот театар. Додека траат градежните работи за новите објекти на двата театра, нивните ансамбли своите претстави ги изведуваат во театар „Комедија“.
Турскиот театар пред четири години доби и Орден за заслуги за Македонија од Претседателот на Република Македонија.
Промовирањето на монографијата за континуираниот развој на оваа национална установа во изминатите шест и пол децении е организирано на Денот на наставата на турски јазик - 21 декември, кој е национален празник на турската заедница во Македонија.
Ново на Сител
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
