-->
-->
Моштите на Св.Василиј ќе бидат изложени во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица
-->
Во 16:00 часот во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица ќе започне вечерната богослужба по која во оваа струмичка црква ќе бидат изложени моштите на свети Василиј.
- Струмица е привилегирана што ги има дел од моштите на Свети Василиј, столбот на светото православие, велат свештениците од струмичката Православна епархија.
Тие ги повикуваат верниците денеска и утре да дојдат на поклонение пред светите мошти.
Утре, на празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, во сите храмови во Струмица, согласно светоотечкото предание, со благослов на Митрополит Струмички г.Наум, ќе бидат поделени лепчиња со паричка, а на тој што ќе му се падне паричката ќе добие благословен подарок од владиката Наум.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати