МТСП ќе ги покрие трошоците за патувањето во Австрија на танцовата група со Даунов синдром

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска - Ременски денеска соопшти дека Министерството ќе ги покрие најголемиот дел од финансиските потреби на танцовата група со Даунов синдром која треба да учествува на Светското првенство за модерни танци што ќе се одржи во Австрија.
- Откако преку електронските медиуми дознав за потребите на танцовата група за деца со Даунов синдром „Данцерс Унитед МК“, со мојот тим веднаш пристапивме кон разгледување на сите законски можности коишто можеме да ги преземеме за остварување на сонот на оваа група за да учествува на Светското првенство за модерни танци кое ќе се одржи во Грац, Австрија, од 19-23 октомври оваа година. Министерството за труд и социјална политика денеска (26.09.2016 година) склучи договор за спонзорство со „Данцерс Унитед МК“, со кој од наша страна како главни спонзори-покровители, ќе бидат покриени најголемиот дел од финансиските потреби на танцовата група со Даунов синдром, се наведува во соопштението од Кабинетот на министерката за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
-

Медиуми: Трамп нарачува план за инвазија на Гренланд, воените претставници се спротивставуваат
-

ЦУК: Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава
