-->
-->
Мурињо не го сака српскиот зет?!
-->
Жозе Мурињо решил да направи целосна реконструкција на Манчестер Јунајтед, а како што пишуваат англиските медиуми тој на трансфер листата ќе стави деветмина фудбалери, меѓу кои најзвучно име е германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер.
Германецот Швајнштајгер на почетокот на минатата сезона проистигна во Јунајтед како големо засилување за сума од седум милиони фунти, но поради повредите одигра само 18 натпревари во Премиерлигата.
Покрај Швајнштајгер место во Манчестер Јунајтед нема ниту за Аднан Јанузај, Тим Фосу-Менсах, Вил Кин, Тајлер Блекет и Педи Мекнер, додека Џејмс Вилсон и Андреас Переира ќе бидат испратени на позајмица.
Мурињо од доаѓањето на „Олд Трафорд“ ги реализира трансферите на Златан Ибрахимовиќ, Хенрих Мхитаријан и Ерик Баили, а во најава е доаѓањето на Пол Погба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски за одлуката на Брисел: Ова е диктат, не дозволувам двојни стандарди врз грбот на Македонија
-
Гаши тврди нема ингеренции за бранителите, се било во доменот на Илире Даути
-
Нови цени на 2.500 производи – викендов стартува Законот за нефер трговски практики
-
Одлуката на Уставен ќе ги седне на маса Владата и здруженијата против присилна наплата на долгови
-
Долгот во здравството намален за 2 милијарди денари
-
Инспектори од други градови ќе ги ловат загадувачите во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за бранителите останува заглавен - Гаши нема да ја свика комисиската расправа