Муртезани во Киев: Северна Македонија поддржува решенија за мир и стабилност преку заеднички напори со стратешките партнери
Во рамки на работната посета на Украина, министерот за европски прашања Орхан Муртезани остварил неколку средби на кои ја потврдил поддршката на Северна Македонија за евроинтегративниот процес на Украина.
Министерот Муртезани, како што соопшти МЕП, ја истакнал и целосната усогласеност на Република Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, која претставува основа за нашата стратешка ориентација во однос на глобалните безбедносни предизвици.
Муртезани исто така појаснил дека со цел да ја зајакне својата улога како одговорен и конструктивен партнер на меѓународната сцена, Северна Македонија, во контекст на својата посветеност на процесот на европска интеграција, ќе продолжи активно да ги поддржува напорите на Европската Унија и НАТО членките за мирно решавање на конфликтот во Украина, промовирање на стабилност и активно учествувајќи во глобалните иницијативи за унапредување на безбедноста во регионот.
Во контекст на актуелниот геополитички развој и новите предизвици што произлегуваат од руската воена инвазија во Украина, министерот Муртезани на средбата укажал дека Северна Македонија како членка на НАТО, ќе ја усогласува својата позиција со стратегиите и одлуките што ќе бидат донесени од Алијансата.
-Ние ја осудуваме руската агресија и ја даваме целосната поддршка на украинските челници во нивните напори за постигнување мир и стабилност во регионот заедно со нашите заеднички стратешки партнери. Во тесна соработка со нашите сојузници од НАТО, ќе продолжиме да се залагаме за изнаоѓање на трајно решение што ќе донесе крај на војната и ќе обезбеди долгорочен мир. Република Северна Македонија останува посветена на процесите што ќе водат кон стабилност, поддржувајќи го украинскиот народ во нивната борба за слобода и сигурност, порачал министерот Муртезани.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена