-->
-->
МВР: Осомничениот за кражба во Шуто Оризари го призна делото, одземеното вратено на сопственичката
-->
Педесет и едногодишен скопјанец А.Х. денеска на полицијата и признал дека завчера во Шуто Оризари од возило украл чанта со мобилен телефон.
-Во Полициската станица Чаир денеска бил повикан А.Х.(51) од Скопје. Тој се сомничи дека на 12 септември во Шуто Оризари извршил кражба, при што од отклучено возило, сопственост на Р.И.(33) од Скопје, одзел чанта со мобилен телефон, соопшти МВР.
Во службен разговор тој го признал делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката.
-По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура
-
Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при јавен превоз со товарно возило
-
Почина родилка во Куманово
-
Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци, уништени 87 килограми небезбедна храна
-
Најмалку десет загинати и 11 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Русија