МВР: Пронајдени повеќе парцели со канабис во близина на границата со Албанија | ФОТО

На 27/28.07.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, во месноста Орман, атар на дебарското село Спас, во непосредна близина на границата со Република Албанија, по преземени мерки и активности, пронајдени се повеќе парцели засадени со канабис сатива.

Притоа, на парцелите биле засадени околу 500 стебла, од кои на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу половина милион евра, како и безжични камери и пумпа за третирање на растенија. По насока на Јавен обвинител, дел од стеблата се одземени и предадени за вештачење, додека останатите стебла се уништени.
По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
