МВР со детали за сообраќајката кај Алумина, повредени две лица од БиХ
Две лица се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа која вчера околу 13,20 часот се случи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Алумина.
Од МВР информираат дека во сообраќајна незгода учествувале патничко моторно возило „Шкода октавија“ со босански национални ознаки, управувано од Н.М. (20) од Босна и Херцеговина, и патничко моторно возило “Гранд чироки“ со скопски регистерски таблици, управувано од Б.Ѓ.(42) од Скопје.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., а со телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило Р.К.(26) од Босна и Херцеговина, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот