МЗ: Доколку има потреба ќе се зголемат капацитетите на ковид одделенијата
Како дополнување на утринското соопштение за состојбата во болниците и болничките капацитети во Скопје, во продолжение информираме за состојбата со болниците во другите градови во државата, односно одделенија кои лекуваат ковид пациенти. Во регионалните центри Битола и Штип и останатите болници во земјата се лекуваат вкупно 682 пациенти позитивни и суспектни ти на ковид – 19, слободни места има во речиси сите центри.
Во болниците во внатрешноста има околу 70 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 68 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19. Во болницата во Штип се примени 5, а вкупно хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 51 пациент, во Велес се лекуваат 75 болни, а во Куманово 66 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 80, во ковид центарот во Гостивар 38, а во Струга 37 болни. Во болницата во Струмица лежат 22 пацинети, во Кочани 19, во Кичево 19, Кавадарци 42, а во Гевгелија 12 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите