МЗ: Вчера се аплицирани 13.219 вакцини
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 741.553 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.251 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.219 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани.
Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.
Ново на Сител
-
Почина Папата Франциск
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Стојаноска: Чернодрински ќе се одржи во Прилеп по секоја цена, нема да го земе ниту еден друг град
-
Охридските компании се соочуваат со недостиг на кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Антонио Апостолски од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-
Христијаните во земјава го одбележаа најголемиот празник - Воскресение Христово Велигден
-
Државно-партискиот врв го честиташе Велигден