На инаугурацијата на Трамп ќе пее хорот на Храмот на мормоните
Хорот на Храмот на мормоните се согласил да пее на церемонијата на стапување на должноста на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, пренесуваат американските медиуми.
Црквата на својот сајт соопшти дека 360-члениот хор од доброволци ја примил поканата за церемонијата на инаугурација на 20 јануари.
Хорот досега пеел на инаугурациите на уште неколкумина американски претседатели, меѓу кои Џорџ Буш-постариот, Џорџ Буш-помладиот и Роналд Реган.
Шефот на хорот Рон Џарет изјави дека за хористите ќе биде огромна чест да настапат на церемонијата.
Американските медиуми потсетуваат дека за време на првичните избори на Републиканската партија Трамп имаше големи проблеми да ги добие гласовите на мормоните, кои беа скептични кон неговата кандидатура.
Претходно овој месец комитетот на Трамп за стапување на должноста соопшти дека на церемонијата химната ќе биде исполнета од ѕвездата од „Америка бара талант“ Џеки Еванхоу.
Трамп вчера на Твитер напиша дека би сакал „луѓе“ да бидат на церемонијата, а не познатите кои, според него, бараат билети за настанот. На адреса токму на познатите, кои ја поддржаа кампањата на Хилари Клинтон, тој кажа „Погледнете што направија за Клинтон. Ништо“.
Во твитот тој не спомена конкретни имиња.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот