На Попова Шапка измерени - 15 степени, во Крушево и во Берово -12
Минусни температури утрово се измерени речиси во сите делови од земјава. Најниска беше температурата на Попова Шапка каде се измерени -15 степени, во Берово и во Крушево - 12, во Крива Паланка - 11, во Маврови Анови - 10, во Штип и Струмица -8, во Прилеп и во Виница - 7, во Битола, Охрид и Претор - 6, во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија - 5, во Куманово и во Велес - 4, во Скопје-Петровец, Тетово и Кавадарци - 3, во Дојран -2 и во Гевгелија 0 степени.
На Попова Шапка има седум сантиметри снег.
Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Изутринава е сончево со мала до умерена облачност и студено. Наместа дува слаб ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени.
Ново на Сител
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки