Началник на полициска станица пука на веселба? | ВИДЕО
- Командирот на полициската станица Ропотово пука со автоматско оружје од тераса и при тоа никој не реагира, напиша денеска на фејсбук претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ.
На видеото се слуша гласна музика со што може да се заклучи дека станува збор за некаква веселба.
- Истите овие што молчат ќе ги распнеа на Голгота Србите од Скопска Црна Гора поради две српски знамиња стацвени на рингишпил... Све видимо и памтимо, напиша Стоиловиќ.
Тој не прецизира кога е направено ова видео, ниту го споменува името на командирот на полициската станица.
Без да напомене за кој командир и која станица станува збор, истото видео го објави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
- Со дивјаштво и односот од првите луѓе од полицијата, личиме на африканска држава. Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо. Не одговара ниту тој што го поставил, напиша на Х (Твитер) Ковачки.
Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
- МВР презема мерки и активности за расчистување на случајот, а потоа соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од полицијата.
Ново на Сител
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ