Над 12 илјади граѓани заминале на продолжен викенд надвор од Македонија
Во текот на завчерашниот и вчерашниот ден, огромни гужви беа забележани на граничните премини Табановце и Богородица. Според снимките од видео камерата на Јавното претпријатие за државни патишта, забележливи беа колони возила кои чекаа да ја напуштат државата. На Табановце пак се чекаше за влез во земјава, која за српските туристи е транзит држава до Грција.
Според МВР, во периодот од 10:00 часот завчера до 10:00 часот вчераутро, на ГП Богородица за влез во Македонија се пријавиле вкупно 3.444 патници.
Вкупно 12.394 граѓани се пријавиле за излез од Македонија, а вкупниот број на граѓани на дозволи за влез и излез е 15.838.
Продолжениот викенд голем број граѓани од Србија и Македонија го користат за посета на плажите во соседна Грција. Според најавите, метеж се очекува да има на граничните премни во недела, кога сите што заминаа ќе се враќаат назад во земјава.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра