-->
-->
Надал ќе игра во Рио
-->
Рафаел Надал ќе настапи за Шпанија на Олимписките игри во Рио, кои почнуваат во петок. Тој ќе игра во три конкуренции (сингл, двојки и мешани двојки). Настапот на најдобриот шпански тенисер беше неизвесен поради повредата на зглобот.
- Ситуацијата не е најдобра, но ќе се обидам да играм, изјави Надал.
Оваа негова изјава ја потврди и селекторот на шпанскиот олимписки тениски тим Кончита Мартинез, која неговиот настап го образложи со тоа дека Игрите се одржуваат само еднаш во четири години.
Надал во конкуренција на двојки ќе игра заедно со Марк Лопез, а во мешани двојки со Гарбине Мугуруза.
Надал има златен олимписки медал од Игрите во Пекинг 2008 година, додека во Лондон 2012 година не настапи поради повреда на коленото.
Машкиот дел од турнирот на Игрите во Рио ќе биде многу „сиромешен“ бидејќи пет од Топ 10 тенисерите од ранг листата нема да играат поради повреди (Рожер Федерер, Стан Вавринка, Милош Раониќ, Доминик Тием и Томаш Бердих).
Најголеми фаворити се двајцата први играчи: Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
Тенискиот турнир ќе се игра од 6 до 14.август, а извлекувањето „на костурот“ ќе се одржи утре.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска