Награди за најдобрите пливачи на Охридскиот маратон
На свеченоста одржана синоќа претседателот Ѓорѓе Иванов им ги врачи пехарите и наградите на победниците на годинешниот, 29-ти по ред Охридски пливачки маратон, македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев и италијанката Аличе Франко.
Претседателот Иванов, кој инаку е и годинешен добитник на наградата „Климе Савин“ за постојаната и несебична поддршка на Охридскиот пливачки маратон, во поздравното обраќање истакна дека чест и задоволство е да се биде покровител на една од најзначајните спортски манифестации во Македонија.
- Со својот квалитет и богатата традиција, Охридскиот маратон си обезбеди место на мапата на најзначајните пливачки натпревари. Почестени сме што Охридското Езеро секоја година е сцена на драматична спортска битка во која учествуваат најдобрите светски маратонски пливачи и пливачки. Охрид и охридското крајбрежје се издвојуваат со впечатливата природа и со богатото културно–историско наследство како трајно сведоштво за креативноста и безграничноста на човечкиот дух. Во овој хармоничен пејзаж совршено се вклопува и Охридскиот маратон оставајќи свој особен спортски белег, рече тој.
Светската пливачка федерација за придонесот во успешната организација и на ова маратонско издание со благодарници до градоначалникот Никола Бакрачески и општина Охрид, како и Министерството за внатрешни работи и Специјалната единица „Тигри“.
Инаку, Поп Ацев е првиот македонски пливач што победува на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот на Охридскиот маратон е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид долга 30 километри ја преплива за 5:39:42 часа. На неговата колешка од Италија, најдобрата во женска конкуренција Аличе Франко и беа потребни 5:44:03 часа за да го преплива Охридското Езеро.
Со медал на ова маратонско издание се закити и Томи Стефановски, кој ја освои бронзата иако како четврт мина низ целта, бидејќи второпласираниот Даниел Блаум нерегуларно мина покрај последната контролна точка на трката и беше десквалификуван. Среброто во машка конкуренција му припадна на Матеус Евангелиста од Бразил.
Во женска конкуренција сребрениот и брознениот медал ги освоија Русинката, Ана Манкевич и Естер Морера-Нуњез од Шпанија.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија
-
Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
-
ДСЗИ нема утврдено недостатоци при третманот на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот
-
ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
-
Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје