Награди за најдобрите проекти од повикот „Предизвик за млади истражувачи“
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе додели награди на училиштата кои имаа најуспешен истражувачки проект во рамки на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ кој беше отворен од 31 ноември минатата година до 15 февруари годинава.
На свеченоста во Градски парк е најавено обраќање на премиерот Зоран Заев, министерот за образование и наука Арбер Адеми и на директорот на ФИТР Јован Деспотовски.
На повикот учествуваа 64 основни и 34 средни училишта од цела Македонија со 98 апликации. Во финалето влегоа 31 основно и 18 средни училишта.
Целта на повикот е поттикнување на критичко и креативно размислување кај младите во нивниот развој и стимулирање на иновативни идеи и акции во процесот на образование во основните и средните училишта во Македонија.
Фондот за иновации и технолошки развој го спроведува повикот во соработка со Министерството за образование и наука.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра