-->
-->
Најмалку 32 загинати во пожар во центар за одвикнување од дроги во Иран
-->
Најмалку 32 лица загинаа, а 16 се повредени во голем пожар во центар за одвикнување од дроги во северен Иран, јавија денеска иранските медиуми.
Полицијата ги истражува причините за пожарот во кампот за одвикнување од опиум во Лангаруд, во провинцијата Гилан, на Каспиското Море, јави иранската полуофицијална новинска агенција Мехр.
Агенцијата Мизан соопшти дека раководителите и службениците на центарот се под истрага.
Според Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, Иран има еден од најтешките проблеми со зависност во светот, затоа што земјата се наоѓа на главната маршрута за шверц на опиум и хероин од Авганистан до Западна Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
