Најмалку девет загинати во две експлозии на Филипините
Две експлозии на бомби, во период од неполн час, синоќа одекнаа во градот Холо, во провоинцијата Сули, на 10.000 километри јужно од главниот филипински град Манила, јавија полициски извори, пренесе ДПА.
Според Си-Ен-Ен, првата експлозија одекнала во 11:53 по локално време на плоштад на главната улица во Холо.
Како што објави Еј-Би-Си на Твитер, во експлозиите има најмалку девет загинати лица, а 17 други се повредени.
„Првичните извештаи откриваат дека експлозијата потекнува од … мотоцикл наполент со импровизирана експлозивна направа“, наведуваат полициските извори. Во извештајот се додава дека во експлозијата загинале петмина војници и четворица цивили, а дека истовремено се повредени уште 16 војници.
Втора експлозија се случила околу еден час подоцна, пред банка во близина на истата улицата, додека безбедносните сили се уште го обработувале местото на првиот инцидент, се наведува во полицискиот извештај.
Провинцијата Сулу е упориште на терористичката група Абу Сајаф, која е обвинувана за некои од најтешките терористички напади на Филипините, како и киднапирања и обезглавувања, додава ДПА.
Ново на Сител
-
Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран
-
27 годишник од Гана силувал 32 годишна скопјанка во Кисела Вода
-
Бројот на загинати во невремето Трами на Филипините се искачи на 138
-
Во Батинци загина пешак откако бил удрен со возило
-
Израелските војници убиле висок командант на Хамас на Западниот Брег
-
Мицкоски за оставката на Комисијата за помилување: По направена грешка, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е доблесно
-
Грција ја следи ситуацијата со балканската рута и поради опасноста меѓу мигрантите да има борци од Хамас
-
Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел