Нанесени штети на 102 хектари засадени со земјоделски култури од невремето во Гевгелиско
Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди денеска во првичниот извештај оцени дека од невремето проследено со поројни врнежи од дожд и град што ја зафати општина Гевгелија на 24 април годинава нанесени се штети на вкупна површина од 102 хектари засадени со земјоделски култури и посеви.
Најпогодени од невремето биле населените места Негорци и Прдејци од каде што пристигнале сите пријави за нанесени штети од страна на 92 физички и две правни лица.
По извршениот увид на терен, комисијата констатира дека најмногу настрадале раноградинарските култури, лозовите насади,овошните садници и житните култури кај кои степенот на оштетување изнесува од 10 до 100 отсто во зависнот од погоденото подрачје. Најголеми се штетите во атарот на Прдејци на површина од 78 хектари, а во Негорци штети се проценети на 24 хектари.
Извештајот на комисијата ќе се најде на првата седница на општинскиот Совет, кој треба да донесе одлука за изработка на Елаборат за причинетите штети од невремето.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари