Нападната јавна обвинителка во Битола
СВР-Битола информира дека во текот на вчерашниот ден се случил иницидент во Основното јавно обвинителство во Битола и притоа била нападната jавната обвинителка Ж.К.Б.
– Вчера во СВР – Битола Ж.К.Б., вработена како Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Битола пријави дека околу 14 часот, додека била на работното место, по претходно недоразбирање со С.К. околу записник за дадено сведоштво, С.К. почнала агресивно да се однесува и во обид да го одземе предметот, го искинала и ја повредила Ж.К.Б.. Веднаш потоа С.К. од страна на полициски службеници од Основен суд е отстранета од просториите на обвинителството, стои во соопштението.
Дополнуваат дека се работи на расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР-Битола.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
