Нападот во Турција извршен од територијата на ИД во Сирија
Турски воени радари покажуваат дека денешниот ракетен напад врз турскиот град Килис на југоистокот на земјата, во кој денеска загина едно лице, е извршен од територијата во Сирија која ја контролира Исламска држава, објавија турски воени извори.
Турската војска за тој напад се одмазди на џихадистите „со иста мерка“, изјавија изворите.
Канцеларијата на градоначалникот на Килис соопшти дека ракета од Сирија го погодила средното училиште „Ејуп Гокче“ во градот, при што загинала една жена вработена во училиштето, а една ученичка е повредена.
Ученичката е префрлена во болница на операција, се наведува во соопштението.
Претхдно беше соопштено за двајца загинати и повеќе повредени.
Уште две ракети, за кои исто така се претпоставува дека се истрелани од територијата на Сирија, паднале на полјана во непосредна близина на училиштето.
Ново на Сител
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона