-->
-->
НАСА реши да најде вонземјани - „ Ќе дознаеме дали сме сами“
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/november/fe4tgrehrjdz-153526.jpg?itok=hsgEJW9I)
Новиот ровер ќе биде наследник на роботското возило Кјуриозити 2012 кое сè уште се наоѓа на Марс. Изгледаат многу слично и ја делат истата технологија, со тоа што новиот ровер содржи нови седум инструменти и редизајнирани тркала, тврдат научниците од НАСА.
Со помош на многу сензори со кои е опремен ќе може да го проучува почвата на планетата, како на површината така и под површината. Негова задача е биде да прибере различни примероци од почвата и карпите барајќи знаци на живот.
„Ова што ќе го дознаеме врз основа на примероците кои ќе се соберат во текот на оваа мисија треба да ни открие дали сме сами во вселената“, вели Кен Фарли, еден од научниците кои работат на проектот.
Новата технологија овозможува откривање знаци на живот врз основа на микроби. Со помош на спектрометар можно е да се воочат и најмалите дамки со големина на зрно сол, но и со помош на ултравиолетови ласери ќе регистрираат невидлив сјај кој потекнува од прстените на атомите на јаглерод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бугарка приложила фалсификувана лична карта во скопска банка
-
ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во тетовско и гостиварско, патните правци проодни
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма
-
Македонец пронашол изгубено девојче во Неа Флогита
-
Нови пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти во Скопје