-->
-->
НАТО загрижен поради можниот поголем ангажман на Русија во Сирија
-->
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази вчера загриженост поради информациите за поголемиот воен ангажман на Русија во Сирија, предупредувајќи дека какво било зајакнување на поддршката на режимот на Башар ал Асад може само да го влоши конфликтот.
- Да загрижен сум од информациите дека е можно Русија да распоредила авиони во Сирија, изјави Столтенберг во разговорот организиран на Фејсбук.
- Секоја воена поддршка на режимот на Асад може да доведе до ескалација на судирот и дополнителна загуба на невини животи, рече тој.
Столтенберг ова го изјави неколку часа откако Бугарија, земја-членка на НАТО соопшти дека го одбила барањето руски авиони да го користат нејзиниот воздушен простор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа